Над 95 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година се изјаснија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
Триесет години подоцна Македонија со пригодна свеченост денеска ќе го одбележи Денот на независноста…
Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност.
Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат „ЗА“ на Референдумот.
Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот.
На Референдумот учествува 1,2 милиони граѓани. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава.
Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари.
Референдумот се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност.
На 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина…
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.
Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца ПЈРМ (поранешна југословенска Република Македонија).
Република Македонија воспостави дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име ја признаа најголемиот број земји меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Русија и САД.
Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави.
Македонија , согласно преспанскиот го смени името во „Република Северна Македонија.
На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Иако веќе 16 години е земја кандидат, а во 2009 година ја доби првата препорака за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, евроинтеграцијата која долго време беше бликирана од Грција, сега е попречувана од Бугарија…







