Три барања испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниов протест против неправдата:



Истрага за доскорешниот премиер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев за злоупотреба на службена положба,

Итна реформа на Советот за реформи во правосудството и

ревизија на работата на врховните судии и нивните одлуки.

Протестот започна од пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот, по што, според некои проценки, над десетина илјади поддржувачи на оваа партија и граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд.

„Сакаме правда“, „Никогаш Северна, само Македонија“, беа главните пароли, а главниот транспарент беше „Заев е виновен„“.

Во обраќањето до граѓаните пред Судот Мицкоски рече дека причина за одржуѕвање на протестот е затоа дека „неправдата стана неподнослива“.

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/2565523890371578/