Трговската размена со Бугарија – 947 милиони евра

Трговијата со Македонија во 2021 година бележи пораст и е најдобрата година за трговско-економските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, иако оваа година беше најниската точка на политички односи поради непочитување на Договорот за добрососедство и пријателство од Скопје, што доведе до наметнување на вето од Софија за почеток на преговори со ЕУ, објави БГНЕС.



Ова се наведува во специјалниот извештај за билатералните економски односи Бугарија-РСМ за последните 5 години, испратен до БГНЕС од Министерството за економија и индустрија.

Во 2021 година, кога економијата закрепна од пандемијата што го затвори светот во 2020 година, трговската размена меѓу Софија и Скопје изнесуваше дури 947 милиони евра.

За споредба, во претходниот период од 4 години (2017-2020) се движеше помеѓу 735 – 750 милиони евра. Најниски бројки се за почетната 2017 година, кога премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев го потпишаа Договорот на 1 август, а „врвот“, доаѓа дури за две години во 2019 кога Скопје и Софија разменија стоки и услуги во вкупна вредност од 750 милиони евра, по што следеше природен пад поради пандемијата на коронавирус и затворањето на светската економија.

Во 2021 година – трговската размена меѓу Бугарија и РС Македонија во 2021 година изнесува 947 милиони евра или повеќе од 209 милиони евра повеќе отколку во 2020 година, кога изнесувала 738 милиони евра.