Тргната сликата на Гоце Делчев во Институтот за медицина на трудот во Чаир – им пречела на пациентите?!

Во годината во која Македонија ја слави 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, за него повеќе нема место на Институтот за медицина на трудот во Чаир, чиј нов директор Азис Максутовиќ ја отстранил сликата на револуционерот бидејќи – им пречела на пациентите?!



„Денес бев сведок на првата реформа на г-дин Азис Максутовиќ – новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир. Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата прва реформа е да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија.

Неговата бурна и нестабилна реакција беше со образложение дека им сметала на пациентите во Чаир. Впрочем, таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев – еден од основоложниците на Институтот, на кој тој треба да му биде благодарен што е воопшто директор.

До кога ќе се фокусираме на националистички теми, наместо на теми за подобрување на здравството?“, прашува д-р. Снежана Куч, пулмолог и алерголог во Институтот, на својот профил на Фејсбук.