Тргнаа брифинзите за составот на владата, во првото сценарио Зибери “игра” за премиер

Партиските машинерии започнаа да дистрибуираат можни сценарија за состав на новата влада.



Првата комбинација за која зборуваат и партиски брифери а не ја исклучуваат и западни дипломати е коалициона валда составена од СДСМ, Беса, ДУИ и ДПА.

Според изворите блиски до СДСМ и ДУИ работата е завршена во над 90 % и ВМРО-ДПМНЕ треба да се помири дека заминува повторно во опозиција.

Новата влада според брифингот би имала мнозинство од 62 пратеници и 14 месеци до локалните избори кои треба да се одржат во 2021 година до кога треба да се спроведат низа реформи. Нема договор дали со локалните би се одржале и предвремени парламентарни избори.

Во составот на новата влада според брифингот би влегле:

1.Насер Зибери, премиер (ДУИ)

(Доколку СДСМ инсистира таа прва да ги даде премиерот, Зибери би бил премиер во втората година. Во овој случај ДУИ би ги добиле МНР и Министерството за одбрана или МВР.

2.Арбер Адеми евроинтеграции (ДУИ)

3. Кандидата на БЕСА, Економија

4. Зоран Заев СДСМ Финансии (по 1 година би ротирал како премиер)

5.Радмила Шеќеринска СДСМ Одбрана

6.Оливер Спасовски МВР, СДСМ (можно БЈБ за ДУИ)
7.Блерим Беџети Правда, ДУИ
8. Кандидат на БЕСА, Култура
9.Никола Димитров МНР, СДСМ
10. Кандидат на СДСМ Образование
11.Љупчо Николовски СДСМ, Земјоделие
12.Крешник Бектеши ДУИ, Животна средина
13-14. Ако Мин за Транспорт биде на СДСМ, тогаш Мин. За Здравство ќе припадне на ДУИ или обратно
15.Изет Меџити, Политички систем, ДУИ
16.Горан Милевски ЛДП, Локална самоуправа
17.М.Труд Мила Царовска СДСМ
18.Дамјан Манчевски Јавна Администрација и инф. општество СДСМ
19. Кандидат на ДПА, Мин.без ресор
20. НСДП Мин.без ресор
21. Ромска партија Мин.без ресор

Во оваа комбинација СДСМ би имале Спикер на Собрание. Доколку ДУИ не даде веднаш премиер тогаш ДУИ повторно би го добиле спикерското столче но не би го загубиле по една година за да не се понижи Талат Џафери.

За ова прашање се уште нема прецизен договор, тврдат изворите блиски на двете партии кои интензивно преговараат.