Тргна смело да запре семе фашисто-клето, македонците од Бугарија со честитка за 11 Октомври

Партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин која Софија не сака да ја регистрира упати честитка до сите Македонци во светот по повод денот на востанието на македонскиот народ 11 Октомври.



,,Тогај се народ подигна, подигна илјадно,
и тргна смело да запре семе фашисто-клето за навек.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК МАКЕДОНИЈО!”, стои во честитката од ОМО Илинден Пирин за денот на востанието кое го слават сите Македонци низ светот вклучително оние во Бугарија.

Според пресудите на Судот за човекови права во Стразбур еден ден Бугарија ќе мора да дозволи регистрација на македонски политички партии и организсции во земјата членка на ЕУ затоа што тоа е обврска на сите држави кои се дел од унијата.