Неколку часа откако во петокот американскиот заменик државен секретар Филип Рикер испратил писмо до македонската влада кое било доставено и до министерството за надворешни работи, министерот Бујар Османи тргна контра препораките на Вашингтон.
Додека Рикер во писмото нему и на Владата им порачал процесот на преговори со Бугарија да се остави надвор од процесот на евроинтеграции Османи во интервју за „360 степени“, зборуваше за патоказ или “патна карта” за спроведување на Договорот за добрососедство кој формално би била надвор од процесот во ЕУ но реално ќе биде дел од колмплицираниот процес на евроинтеграции.
Ваквата изјава на Османи по примањето на писмото од Рикер која оди контра американските сугестии за разговорите со Софија е преседан во албанскиот политички блок кој досега секогаш без поговор ги следел американските позиции за сите теми.
На реакцијата на Османи досега нема коментар од Заев или други членови на владата.
Со ваквото одбивање на коректниот предлог на Рикер кој бара Македонија да не биде жртва во приближувањето кон ЕУ Османи а не Заев и Димитров, е тој што оди контра Македонските интереси.
Дури и Османи да не бил информиран за писмото од Рикер се работи за однесување на ДУИ кое не е координирано со стратешкиот партнер на Македонија но и можен скандал доколку Заев и Димитров ги криеле пораките од Вашингтон и го оставиле Османи да направи гаф.
Османи во еден дел од изјавата вели дека додатните механизми за следење на процесот со Бугарија односно новопредложениот патоказ, формално нема да биде дел од преговарачката рамка но дека сепак ќе биде дел од европските разговори, преговори и предмет на координација во самата ЕУ.
“Тој додава дека патоказот, сепак, би бил дел од ЕУ-процесот, иако не би бил формално дел од Рамката, бидејќи со тоа не се согласуваат другите земји членки. Деновиве со Бугарија се разговара и на оваа тема, по што ќе се знае дали ќе има надминување на отворените прашања”, објави емисијата 360 степени на Алсат М каде Османи разговараше со новинарот Васко Попетревски еден од најдобрите познавачи на американските политики кон Македонија.
Колку ова прашање е важно може да се види и од видеото кое со уште неколку други прашања го издвои “360 степени”.






