Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков е осуден на 8 години затвор за случајот под работно име „Трезор“, а се однесува на набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија.
Во „Трезор” првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а судијката Женета Бегтовиќ ги прогласи за виновни и:
-Горан Грујевски на единствена казна затвор во траење од 15 години, Небојша Стајковиќ осуден на казна затвор во траење од 5 години,Тони Јакимовски на единствена казна затвор во траење од 5 години.







