Меѓу 30 и 40 отсто од граѓаните не ја прифатија понудата на банките за одложување на плаќањето на обврските. Следната недела ќе има и конкретнтни бројки од клиентие не ја прифатиле можноста за одолжување на обврските по кредитите, дознава МИА.
Банките на своите веб-страници објавија јавна понуда со услови за одложување на плаќањата на обврските по кредитите, кредитни картички … а граѓаните требаше електронски или писмено, а во некои банки и телефонски да се изјаснат дали прифаќаат „замрзнување“ на обврските кон банката до септември, период во кој банките сепак ќе пресметуваат камати.
Доколку не ја извеиле банката, се смета дека понудата е прифатена под автоматизам.
Од Комерцијална банка за МИА посочија дека рокот за одбивање на јавната понуда истекол на 9 април и дека 30 отсто од корисниците на кредит ја одбиле понудата.
Од Охридска банка велат дека рокот сè уште не е истечен:
„Од досегашниот одѕив, сметаме дека бројот на клиенти кои ќе ја одбијат понудата, односно ќе продолжат со редовно сервисирање на своите обврски би изнесувал околу 30-40 отсто од вкупниот број клиенти – физички лица кои користат кредитни производи од Банката“.
Според објавените понуди, најголем дел банки понудија одложување на отплатата на обврските за шест месеци, односно до 30 септември 2020 година.
На граѓаните им се нудеше можност и за рефинансирање на постојните кредити, како и одобрување нови кредити со можност за користење грејс-период.
Она на што имаа забелешки граѓаните во однос на понудата е што банките за време на периодот за кој ја даваат можноста за одложување на плаќањето на обврската на клиентот му пресметуваат камата.





