Повеќе од една третина, или 35 проценти од Британците, најверојатно нема да бидат вакцинирани против коронавирусот, покажува едно истражување, пишува Индипендент .
Дури 48 проценти се загрижени дека вакцината не е безбедна, додека 47 проценти од нив се загрижени дека нема да биде ефикасна,
Повеќе од половина, 55 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени за несаканите ефекти од вакцинацијата,
Сепак, најавата дека Велика Британија е првата земја што ја одобри вакцината Пфајзер го поттикна оптимизмот, и 60 проценти од Британците сметаат дека ќе се вакцинираат до април следната година.
Британското Министерство за здравство објави дека вакцината ќе биде достапна од вторник. Првата количина на вакцина Фајзер пристигна минатиот четврток, а следната недела во Велика Британија ќе бидат достапни околу 800.000 дози.
Владата порача четириесет милиони дози на вакцина, што е доволно за дваесет милиони луѓе, кои ќе добијат две дози во период од 21 ден.
„Вакцината прво ќе им биде дадена на вработените и корисниците на домови за стари лица, потоа на оние постари од осумдесет години, како и на здравствените и социјалните работници.
Тогаш на ред се оние над 75 години, а потоа и оние над 70 години, како и најранливите групи на луѓе, следени од оние над 65 години, а потоа возрасната група од 16 до 64 години“, пишува Ал Џезира.





