Третата светска војна почна, вели украинскиот амбасадор во Германија!

Амбасадорот на Украина во Германија, Андреј Мелник, со драматична изјава во врска со ескалацијата на судирот во неговата земја.



„Третата светска војна веќе почна. Путиновиот напад врз Украина влијае врз секого. И врз Германија, иако сè уште не војно. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со намален НАТО-пакт, сојуз на кој Полска, Чешка и Словенија повеќе не би биле членки“, изјави амбасадорот што го обвини германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за блискост со Русија.