Трета рунда преговори: На маса политички, хуманитарни и воени теми

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подолски на Твитер потврди дека преговорите со тимот од Руската федерација ќе започнат во 16 часот по локално време.



Двата тима преговараат во Белорусија.

Шефот на руската делегација Владимир Медински во пресрет на третата рунда преговори откри кои ќе бидат темите на денешниот разговор. „Планот е да се разговара за политички, хуманитарни и воени аспекти“, рече Медински.

Претходните преговори меѓу Украина и Русија се одржаа во Белорусија на 28 февруари и 3 март.

На последната средба спротивставените страни се договорија да организираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од борбените зони.