Нов протест во Атина е закажан за денеска кога се очекува парламентот да го ратификува Договорот за името.
Гласањето е закажано за 14.30 часот изутрина а демонстрантите, најверојатно, ќе почнат да се собираат на главниот плоштад во Атина по 12 часот.
Ова е трет протест за помалку од една недела.
Медиуми јавуваат дека за Договорот ќе гласаат 153 пратеници.
Последната анкета на јавното мислење покажува дека 62 отсто Грци се против промена на името на северниот сосед во кое ќе биде вклучен и зборот „Македонија“.





