Претседателот Румен Радев денеска ќе ѝ врачи мандат за предлагање кандидат за премиер на пратеничката група на „БСП за Бугарија“
Ова ќе биде трет обид за состав на влада во сегашниот парламентарен состав по паѓањето на владата на Кирил Петков.
Во првиот обид најголемата пратеничка група на „Продолжување со промената“ не успеа да формира мнозинство , а вицепремиерот и министер за финансии во оставка, именуван од нивна страна, Асен Василев, на 8 јули го врати мандатот.
Втората по големина политичка сила ГЕРБ-СДС, на еркс премиерот Бојко Борисов, го врати мандатот истиот ден по неговото врачување со образложение дека нови парламентарни избори се императив бидејќи нема победничка формула за формирање нова влада во 47-то Национално собрание.
За време на консултациите со претседателот, лидерот на БСП, Корнелија Нинова изјави дека доколку Радев им го додели третиот мандат, ќе направат напори да формираат кабинет.






