Трет ден нема централно греење во 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле.
Жителите се револтирани бидејќии покрај тоа што редовно ги плаќаат сметките среде веќе три дена Топлификација Скопје Север не испорачува греење.
Од компанијата велат дека се соочени со сериозни финансиски проблеми, поради енормно зголемената цена на природниот гас, наспроти одлуката за зголемување на цената на топлинска енергија за само 14 проценти.
Од Скопје Север АД се надеваат дека проблемот наскоро ќе се реши и жителите ќе добијат греење,но се бара помош за да се наплатат долговите од институциите, но и да се oбезбеди финансиска помош.
Од Општина Чаир потврдија дека имаат долг кон топланата, кој ќе го платат во понеделник, но дека тоа нема да го реши проблемот.
Под знак прашање е дали и докрајот на идната недела граѓаните ќе добијат парно.







