Трет дел од мексиканската серија со Пендаровски и Филипче во главни улоги

Продолжува префрлањето за набавката на вакцини против Ковид19 на релација влада – шеф на држава.



По две размени на обвинувања претседателот Пендаровски со уште една порака до министерот за здравство.

Во неа Пендаровски се чуди зошто Филипче крие за улогата на претседателот кој помагал иако тоа било надлежност на министерот.

“Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани. Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство”, пипува Пендаровски до јавноста и го прозива Филипче.

Сега на ред е министерот Филипче кој реагираше во втората размена на пораки.

Филипче го искара Пендаровски – не помогнал да се набават вакцини