Тренерите на Георгиевски се откажаа од владината премија од 10 илјади евра за среброто на ОИ

Дарко и Борче Костовски, тренери на освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, се откажаа од доделената премија од 600 илјади денари од Владата.



„Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите.

Мојот брат, д-р Борче Костовски, и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)!

ЗА МАКЕДОНИЈА!“, објави Костовски на Фејсбук.