Трендафилов за БГНЕС: Одбивањето да се промени Уставот на Р*М ќе значи хаос, хибридна војна и дестабилизација во Р*М под српско влијание!

„Можните предвремени избори во Р*М би биле последица на неподготвеноста на Скопје да ги спроведе реформите, односно за промена на Уставот, за што презеде одговорност. Предвремените избори ќе значат отворање на вратата за хаос, хибридна војна и за српска дестабилизација во Р*М и на Балканот.“ – изјави поранешниот портпарол на Владата на Република Македонија и пратеник во Парламентот Ѓорѓи Трендафилов во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, кое го пренесе и пробугарскиот портал „Трибуна“.



Покрај другото, во интервјуто Трендафилов претставен со бугаризирано презиме Георги, иако „оригинал е македонски Ѓорѓи“, кој подолго време се изјаснува како „дискриминиран Бугарин“, овојпат токму спроти утрешната седница на македонското Собрание за внесување на „неговите сонародници македонски Бугари“ во Уставот на Македонија преку БГНЕС упатува закани до македонскиот народ и водечката македонска опозициска партија ВМРО ДПМНЕ со „случување хаос, војна, дестабилизација, несогледливи последици“, ако не се исполнело она, „за што била преземена обврска“.

Пренесувајќи ги ставовите на „учениот филозоф Георги Трендафилов“, како што го означува во обид да му го поткрене рејтингот на неговите кажувања, БГНЕС пишува, покрај другото: Георги Трендафилов изрази сомнеж дека владејачката партија и опозицијата имаат обострана корист од неусвојувањето на уставните измени. Станува збор за тоа дека едни предвремени избори може да се искористат како механизам за одложување на реформите, што Р*М се обврза да ги спроведе. Во конкретниот случај тоа се уставните измени.

Според Трендафилов, ова одбивање да се измени основниот закон е отворање на ‘вратата на хаосот“. „Последиците од одложувањето на клучните одлуки ќе произведат, или веќе произведуваат, последици чии размери никој не може да ги одреди. – рече тој.

Поранешниот пратеник изрази мислење дека ваквото одложување е беспредметно и дека владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат сериозна одговорност кон македонското општество, во врска со исполнувањето на условите од т.н. „Француски предлог“.

Трендафилов ги коментираше обидите за провокации на Р*М кон Бугарија. Според него, властите во Скопје никогаш немале намера да го спроведат билатералниот договор, што во 2017 година го потпишаа владите на Бојко Борисов и Зоран Заев. „Провокација е немањето волја да се направат промени, кои произлегуваат од предметниот договор“ – рече Трендафилов.

Тој уште изјавува: „Српското влијание во Р*М и во Западниот Балкан расте. Безбедносниот сектор на * Македонија одржува блиски врски со српското разузнавање. И покрај сето ова, можна е перспектива за подобрување на односите меѓу Бугарија и Р*М.“

Видео со интервјуто на Ѓорѓи Трендафилов за БГНЕС