Протестите на пензионерите не се спонтани и самоорганизирани, туку зад нив стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска во утринската програма на МТВ, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која воедно е и претседателка на форумот на жени на СДСМ.



„Ако ги погледнеме сите оние низ градовите кај што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родители на високи функционери во ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијта.

Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите, туку дека зад овие протести стои токму ДПМНЕ се со цел да направат хаос во општеството, како што и впрочем години наназад работат да направат хаос во државата“, рече Тренчевска.