Министерката Јованка Тренчевска изјави дека од Влада никогаш не било кажано дека септемвриското зголемување на пензиите ќе биде 6,8 отсто.
„Процентот 5,3 е согласно податоците од Државниот завод за статистика. Јас претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 отсто, зашто ниту јас ниту било кој претставник на Владата нема изјавено такво нешто. Моите изјави беа помеѓу 5 – 6 или околу 6 меѓутоа секогаш велев ќе ги почекаме податоците на Државниот завод за статистика“, изјави Тренчевска.
Министерката најави дека Извештајот од работната група за пензионерите стигна во Министерството за труд и социјална политика и дека ќе биде доставен до Владата и најдоцна до крајот на месецот ќе има конкретни мерки за пензионерите, посебно на оние со најниски примања.
Детали не откри, но веќе е извесно дека линеарно покачување на пензиите – нема да има.
Според неа внимателно се работи на тоа да се подобри квалитетот на живот на пензионерите, а воедно да продолжи редовната исплата на пензиите.






