Ќе биде креирана палета на социјални мерки во соработка со Фондот за здравство и Министерството за здравство за дел од лекарствата кои се најчесто користени а не се на позитивната листа да бидат ставени на истата. Ќе работиме и на тоа да го зголемиме прагот за бесплатното болничко лекување, исто така ќе работиме и на мерки во кои ќе биде вклучена директна финансиска помош.



Ова го изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во о гостување на КТВ Кавадарци.

Околу барањата на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите од 3,500 денари и за утврдување на минимална пензија која, според барањата, треба да биде 18. денари, министерката со веќе слушнат одговор.

„Зголемувањето на пензиите нема да зависи од тоа кој е министер, затоа што методологијата за зголемување на пензиите го следи покачувањето на трошоците за живот и покачувањето на просечната плата.

И во време кога нема да имаме инфлација пензијата ќе се зголемува затоа што просечната плата ќе расте“ истакна Тренчевска во нејзиното гостување и повтори дека за 18 месеци пензиите се зголемиле за 24%.