„Јас ќе се обратам, но и вие како иницијативен одбор обратете се до Уставниот суд дали линеарно зголемување е уставно“, порача министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која попладнево прими делегација на пензионерите кои протестираа за повисоки пензии во Скопје.



Министерката им предочи дека барањето за линеарано зголемување на пензиитее противуставно и дека таква одлука во 1998 била поништена од Уставниот суд.

Тренчевска, на средбата со четиричлената делегација на пензионерите, откако ги слушна нивните барања, им вети рече дека ќе ги разгледа нивните барања, и во МТСП и на седница на Влада, но истакна дека смета дека барањето за линеарно зголемување е противуставно, а барањето за минимална пензија од 18.000 денари не е праведно кон пензионерите што овој износ го земаат сега, а имаат 35 или 40 години работен стаж.

Посочи дека минимална пензија од 12.500 денари земаат најголем дел од пензионерите кои биле работници со малку стаж и кои земале минимална плата и дека ги немаат исполнето условите за пензија како пензионерите со 35 или 40 години стаж.

„И некој што работел 40 години и некој што работел 15 години не може да зема исто. Јас сум за праведност и социјална правда. Не можел некој што се потрошил 40 години, без разлика дали на машина или во државна институција, да го изедначиме со некој што работел 15 години…Сега се бунат тие со најниска пензија, потоа ќе дојдат тие што земаат 17.000 и 18.000 денари пензија.

Како ќе го затвориме тој круг“, праша Тренчевска.

Министерката повтори дека е направена нова методологија пензиите да се зголемуваат двапати во годината, како што растат трошоците на живот и како што расте просечната плата…