Охриѓанец кој паднал во отворена шахта, и шест месеци се лекувал од здобиените повреди, треба да плати 200.000 судски трошоци зашто сидот опресудил во корист – на шахтата.



„Шахтата беше отворена, а месец дена претходно тука падна една повозрасна жена. Шахтата година дена си стоеше отворена, а судијата по брза и кратка постапка не ги зеде предвид нашите докази, не ги зеде камерите од ‘Рамстор’. Повика само еден минувач кој ме креваше од шахтата. Пресудата беше, ‘требало да гледам каде одам’. Се жалевме во Апелациониот суд во Битола, но апсурдот да биде поголем, во пресудата стои дека шахтата била обезбедена“, изјави Илија Џепароски на прес-конференција во Охрид, пренесе ТВ Алфа.

„Шест месеци поминав по болници со лонгети и случајот го дадов на суд. Од ЈП Нискоградба се обидоа да се договориме, но јас не прифатив. За жал, во овој суд сè уште има судии кои не ни дозволуваат да ја истераме правдата. Јас ги тужам за паѓање во отворената шахта, а спорот го губам“, вели Џепароски.

Осудениот Џепароски вели дека ова е голема неправда и додава дека случајот го изгубил и во Апелација, па наплатата е дадена на извршител.