Треба да ги тепам во Владата ако немаат слух за економијата, рече Азески, откако стопанството се жали дека политиката ги уништи бизнисите

Продлабочување на дијалогот, суштинскиот приод кон таа работа имплементицијата мора да е стопостотна. Ако одам 10 пати во Владата и 10 пати зборувам исто, и тие не сакаат да одговорат на тоа што да правам да ги тепам? Дајте да постигнеме конзенсус во кој ќе потпишеме некој документ, рече Азески, откако политиката ја уништи економијата.



Стопанствениците алармираат дека политичките елити се грижат да останат на власт, а не да обезбедат економски напредок. Претседателот на најголемата комора во Македонија, Бранко Азески со остри критики кон власта, реагира дека бизнисот е постојано оптеретен со секакви давачки, а Владата не  работи за напредок на стопанството и со години наназад нема слух за проблемите. Азески бара да се остави популизмот на страна и да се направи конзенсус помеѓу земјите од Балканот за да се подобри економската активност .

  • Ако одам десетпати во Владата, и 10 пати зборувам исто и 10 пати излегувам во јавноста и зборувам исто, а тие не сакаат да одговорат на тоа, туку велат добро, што да правам? Да ги тепам?, реагира Азески. Тој смета дека е неопходно да има широка дискусија за приватниот сектор да тргне напред , а не да биде оптеретен како да преживее. Доказ за тоа вели е и последниот случај со замрзнување на цените, мерка на која се противи целото стопанство.
  • Понудивме решение . Јас тврдам ако сме тргнале по патот на пазарна економија со западни вредности , одиме по тој пат да ги рушиме препреките. Ние предлагаме решение и овие не се критики за Владата, тоа е отворена дискусија за прашањата од суштински карактер. Дали пазарна економија е да донесиш решенија кои не се во твоја надлежност, рече Азески.

Од Владата пак уверуваат дека цело време имало отворен дијалог со бизнис секторот, а работите се менувале на подобро. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, се обиде да спореди како било пред пет години а како е денеска.

  • Ние во последните години не повикуваме никого да бара тоа што законски му следува .Јас сум среќен дека правиме ваков отворен дијалог цело време. Бизнис секторот е вклучен во креирањето на националната политика која треба да даде одговор на на ваквите очекувања за наредните 20 години и мислам дека таму е клучот кога ќе е менуваат работите на подобро, рече Фатмир Битиќи Вицепремиер за економски прашања.

Инаку, бизнисот цела година алармира против политиките на власта за воведувањето на нови даноци, а сега и за актуелната мерка со замрзнување на цените . Во рамки на регионалната конференција за Поголема соработка помеѓу економиите од Западен балкан, стопанските комори од регионот согласни дека клучот за развојот на бизнисот е политиката да се остави на страна.