Стопанска банка а.д. Битола која поддржува бројни спортски настани деновиве даде поддршка и на спортско-рекреативен настан кој станува традиција и дел од урбаното и здраво живеење во Битола.
Стопанска банка а.д. Битола е веќе препознатлива по значајната поддршка која ја дава за развивање и одржување на спортската култура и спорскиот дух во земјава. Покрај тоа што е единствената банка која е спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон 2020 и Женската трка, оваа година банката стана дел и од најважниот и најголем спортски настан во градот Битола – трката ТРЧАЈ БЕ.
На оваа трка учестуваа и повеќемина вработени во банката од Битола, а големиот број на учесници, одличната атмосфера и големиот број на поддржувачи кои беа дел од трката му дадоа посебен сјај на Широк Сокак и на градот Битола.
Имено, Стопанска банка а.д. Битола, со повеќе од 70 години традиција е компанија која континуирано ја развива својата општествено одговорна страна, презема и реализира многу активности кои се во корист на општото добро и се карактеризира како верен пријател и поддржувач на настани, убави случувања, организации и институции, како во градот Битола така и во целата земја.
Покрај оваа трка, Стопанска банка а.д. Битола пред неколку недели беше дел и од Женската трка на која ги бодреше учесничките, а веќе следниот викенд ќе биде поддршка на сите учесници на Wizz Air Скопскиот маратон 2020.
Повеќе детали на овој ЛИНК





