Траорниот лик на Ковачевски од чудната фотографија со Пелоси во Минхен (ФОТО)

Профилот на премиерот Ковачевски на Твитер вчера објави чудна фотографија со него од кратката средба со екс спикерот на американскиот законодавен дом Ненси Пелоси.



Вообичаено прес службата во владата или партиската ПР екипа на Ковачевски на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои тој некогаш е сериозен, често е насмеан, а понекогаш делува самоуверено или задоволно.

На оваа фотографија ликот на премиерот Ковачевски има сериозно ниво на траорност каква што кај него досега не е забележана.

Зошто Ковачевски на оваа фотографија не е насмеан ниту покажува задоволство туку покажува како да има некоја мака не може да се заклучи од неговиот твит.

Од твитот не се открива што точно му кажала Пелоси на македонскиот премиер.

Најчитани вести

Може и поочајно, нивни министер ги ,,изгоре” за 600 милиони евра

На Горан ,,Сакам да кажам” не му се верува колку е неспособна владата на Ковачевски