Транскрипт од седницата на која Коѕиас дал оставка

Коѕиас ја напуштил владата на Ципрас откако со вицепремиерот и министер за одбрана Каменос се судриле кога да се гласа за Преспанскиот договор.



Додека Каменос и Коѕиас се конфронтирале премиерот Ципрас молчел што за идејниот творец на Преспанскиот договор било знак дека ја губи битката и се повлекол од функцијата.

Судирот меѓу двајцата министри е за датумот на гласање за Преспанскиот договор. Каменос вели дека договорот треба да се гласа по избори а Коѕиас дека тоа треба да се случи пред избори.

Дел од транскриптот од седница на владата

Каменос: Јас го задржувам моето мислење за името на Македонија. Јас нема да се приклучам на владиниот обид за притисок.

Коѕиас: Вие се стремите да остварувате надворешна политика на сметка на владата и земјата, за да служите на вашите политички и лични аспирации!

Каменос: Имаше потврда од Министерството за надворешни работи, дека прашањето за Скопје ќе дојде во парламентот по изборите …

Коѕијас: Немаше такво нешто. Превземените чекори беа одобрени од страна на премиерот и надлежните органи. Можеби сте пропуштиле некои владини сесии.

Каменос: Ја разјаснивме нашата позиција. Таа не е лажна како Мицотакис. Мојата проценка е дека договорот нема да оди во парламентот, бидејќи процесот во Скопје нема да заврши. Во секој случај, ние нема да се идентификуваме со Нова демократија во обид да ја собориме владата.

Ципрас: Договорот е со владата, а не со Министерството за надворешни работи.