Доколку САД сакаат да ја запрат руската агресија во Украина, мора да го спречат зголемувањето на цените на нафтата, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, цитиран од агенциите.



„Дали сакате да ја запрете војната? Намалете ја цената на нафтата, намалете ја цената на енергијата (…)

За да водите војна, потребни ви се три работи: пари, пари и пари. А Русија стекнува богатство од продажба на нафта“, вели Трамп.

Тој исто така рече дека намалувањето на цената на нафтата на „30 или 40 долари за барел“ ќе биде најсигурниот начин да се лиши Москва од нејзиното воено финансирање.