Трамп знае како е Ким Јонг Ун, но не сака да каже

Доналд Трамп изјави дека има прилично јасна претстава за состојбата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, но не може да зборува за тоа во моментот.



„Да, имам прилично јасна претстава, но не можам сега да зборувам за тоа. Само сакам да му посакам се најдобро“, им рече американскиот претседател на новинарите во Белата куќа кога го прашаа да коментира за здравјето на севернокорејскиот претседател.

Како што пренесува Ројтерс, Трамп додаде дека „знае како е (Ким) во релативна смисла“.

„Ќе видиме, веројатно ќе чуете за тоа во не толку далечна иднина“, рече американскиот претседател.