Трамп: Запрете ја таа безумна војна веднаш!

По најавата за испорака на тенкови од западните земји за Украина, поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика за итен прекин на воените дејства за да се избегне опасноста од прераснување на судирот со Русија од конвенционален во нуклеарен.



„Прво тенкови, а потоа нуклеарно оружје. Запрете ја таа безумна војна веднаш! Тоа е толку едноставно да се направи“, напиша тој на социјалната мрежа Трут соушал.