Претседателот Доналд Трамп продолжи да објавува твитови синоќа користејќи го официјалниот налог @POTUS (претседател на Соединетите држави).
Тој твитна од официјалниот профил на американскиот претседател откако Твитер вчера претпладне трајно го укина неговиот налог @realDonaldTrump .
„Како што веќе долго време велев, Твитер отиде предалеку во забраната на слободата на говорот, а вечерва вработените во Твитер, во соработка со демократите и радикалната левица, работеа на отстранување на мојот налог од нивната платформа, за да ме замолчат“, напиша Трамп во серија објави.
Твитовите беа отстранети речиси веднаш.





