Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја прошири препораката за социјално дистанцирање низ целата земја за 30 дена, до крајот на април.
Трамп ја донесе мерката откако експертите предупредуваа на опасност од ширење на коронавирусот, дека милиони Американци ќе бидат заразени со коронавирус и би можеле да умрат помеѓу 100.000 и 200.000 луѓе.
Трамп за Си-Ен-Ен изјави дека доколку бројот на загинати би бил помалку од 100.000 , тоа ќе биде „добра работа“.




