Трамп: Војната во Украина ќе заврши за 24 часа ако бидам избран за претседател

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека неговата земја ќе биде во „голема неволја“ доколку не победи на претседателските избори во 2024 година.



На прашање во интервју за Си-Ен-Ен дали ќе ги прифати резултатите од претседателските избори следната година, Трамп рече дека тоа ќе го стори само доколку изборите бидат „фер“, пренесе Политико

Вели дека си лажни истраги против него се со цел да се влијае на иборите идната година.

Осуден: Трамп треба да плати 5 милиони долари за сексуален напад од пред речиси 30 години

За конфликтот во Украина Трамп изјави дека е императив да се прекинат непријателствата на двете страни , ветувајќи дека ако тој беше претседател, војната ќе заврши во рок од 24 часа.

„Сакам сите да престанат да умираат“, нагласи Трамп, велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин погрешил што „влегол“ во Украина.

„Ако кажете дека е воен злосторник, ќе биде многу потешко да се постигне договор за да се запре оваа работа“, рече поранешниот претседател за Си-Ен-Ен.

Трамп сеета дека ако Путин е прогласен за воен злосторник, луѓето ќе сакаат да го фатат и да го погубат, но тој ќе се бори многу посилно отколку во друга околност.

Тоа е нешто за што ќе се разговара во подоцнежна фаза“, додаде тој.

„Во моментов сакаме да ја решиме оваа војна“, инсистираше 45-тиот американски претседател.