Поранешниот претседател Доналд Трамп е во тесно водство пред претседателот Џо Бајден во трката која најверојатно ќе резултира со реванш (по изборите 2020-та) на двајцата на претседателските изборите во ноември покажува анкета на Си-Ен-Ен.
Широко мнозинство демократи и републиканци велат дека би биле задоволни доколку кандидатот на нивната партија победи на таков реванш.
Според анкетата, 49 отсто од регистрираните гласачи велат дека би го поддржале Трамп доколку изборите меѓу двајцата се одржат денеска, додека 45 отсто го поддржуваат Бајден.
Само 5% велат дека би гласале за некој друг.
Интересно, 68% од поддржувачите на Бајден велат дека би гласале против Трамп наместо за Бајден, додека 60% од поддржувачите на Трамп велат дека повеќе би гласале за него отколку против Бајден.





