Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе има „мирна транзиција“ на власта, откако Конгресот ја потврди победата на о Бајден на изборите.



„Иако воопшто не се согласувам со исходот на изборите, што е поткрепено со факти, на 20 јануари ќе има мирна транзиција“.

„Отсекогаш сум велел дека ќе продолжиме да се бориме, во обид да ги преброиме сите гласови. Додека ова означува крај на најдобриот прв мандат во претседателската историја, тоа е само почеток на нашата борба за„ Да ја направиме Америка повторно голема “, рекол Трамп.

Изјавата од Белата куќа дојде непосредно откако Конгресот ги потврди изборните гласови на изборите, потврдувајќи ја победата на Бајден.

Сесијата беше прекината откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во зградата, при што четири лица го загубија животот. Конгресот ги отфрли сите приговори од мал број присутни, кои го поддржуваат Трамп и неговите тврдења за „изборна кражба“.