Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вели дека Хамас немаше да го нападне Израел на 7 октомври доколку тој сè уште беше претседател, и вети дека ќе ја реши ситуацијата „многу брзо“ доколку биде реизбран, пренесе Times of Israel.
Говорејќи по победата на првиот натпревар на републиканските претседателски прелиминарни избори во понеделникот, Трамп рече дека „Русија немаше да нападне, a Израел никогаш немаше да биде нападнат“ доколку тој сè уште беше претседател.
„Ситуацијата во Украина е толку ужасна, ситуацијата во Израел е толку ужасна. Ќе ги решиме многу брзо“, рече тој, без да даде детали за тоа како имал за цел да го постигне тоа.
Трамп го базираше своето тврдење на фактот дека тој и рускиот претседател Владимир Путин „многу добро се согласуваат“, а истото го кажа и за неговиот однос со кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Поранешниот претседател вети дека ќе го „исправи светот“ доколку биде реизбран, велејќи дека глобалната „смрт и уништување“ „никогаш не биле вака“.
Тој уште додаде дека Исламската Република Иран не можела да го финансира Хамас додека тој бил претседател и тврдејќи дека како последица на тоа, немало тероризам во текот на неговите четири години во Белата куќа.





