Трамп: СЗО ја утна работата


Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Светската здравствена организација (СЗО) и ја обвини дека била премногу „лабава“ кон Кина и дека дава лоши совет по и за време на избувнувањето кризата со коронавирусот.
„СЗО навистина направи збрка. Поради некоја причина, иако е финансирана претежно од САД, таа сè уште е многу фокусирана на Кина. Ние ќе го разгледаме тоа подобро”, напиша Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.



Тој додаде дека „успешно го отфрлил“ советот на СЗО да ги задржи границите со Кина отворени на почетокот на епидемијата и се прашува зошто организацијата дала „такви погрешни препораки“.