Трамп стапна во Северна Кореја

„Ова е историски момент“, изјави севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун пред американскиот претседател Доналд Трамп да влезе во Северна Кореја, преку демилитаризираната зона која ги одвојува двете Кореи.

„Преминувањето на оваа линија беше голема чест“, рече Трамп, додавајќи дека тој и Ким негуваат „одлично пријателство“, пренесе Си-ен-ен.



Демилитаризираната зона (DMZ) е гранична бариера која го дели Корејскиот Полуостров приближно на половина.

Таа била воспоставена со договор меѓу Северна Кореја, Народна Република Кина и Командата на Обединетите нации во 1953 година. DMZ е долга 250 и широка 4 километри.