Трамп соочен со 37 кривични пријави

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со 37 кривични пријави, пренесува Ројтерс.



Обвиненијата вклучуваат неовластено задржување на доверливи документи и заговор за попречување на правдата откако тој ќе ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Тоа е според документите на федералниот суд објавени во петокот.

Наводите произлегуваат од ракувањето на Трамп со доверливите владини материјали што ги зеде со себе кога ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

Трамп треба да го има своето прво појавување во случајот пред судот во Мајами во вторник, еден ден пред неговиот 77-ми роденден.

Според обвинението, овие документи вклучуваат некои од најчувствителните воени тајни на Америка, вклучително и информации за американската нуклеарна програма и потенцијалните домашни пропусти во случај на напад.

Еден документ се однесува на странска државна поддршка за тероризмот против американските интереси.

Материјалите дојдоа од Пентагон, Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Агенцијата за национална безбедност (НСА) и други разузнавачки агенции, се вели во обвинението.

Судот во Мајами ќе биде првиот суд во американската историја кој ќе ги сослуша федералните обвиненија против поранешен претседател

„Јас су невин човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social во четвртокот, откако беше објавено дека е обвинет.

Трамп најавуваше кандидатура за уште еден претседателски мандат, но ова сирурно негативно ќе влијае на трката за претседателска номинација на Републиканската партија која почнува следната година, а партијата мора да го избере својот кандидат за изборите во ноември 2024 година во јули истата година.