Трамп се враќа на „Твитер“!?

Новиот соптвеник на „Твитер“, Илон Маск, најави дека ќе ја укине трајната забрана за поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но дека тоа не значи дека го поддржува Трамп во претстојната претседателска кампања во 2024 година.



Најбогатиот човек во светот и извршен директор на Тесла, кој го презема Твитер, на конференцијата на Фајненшл тајмс во вторникот изјави дека одлуката на Твитер да му забрани на Трамп пристап до социјалната мрежа е „морално лоша“.

Тој изјави дека не го поддржува Трамп како претседателски кандидат.

„Иако мислам дека кандидат со помалку поделби ќе биде подобар во 2024 година, сепак мислам дека Трамп треба да се врати на Твитер“, рече Маск.