Компанијата Мета наскоро ќе ги врати профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, две години откако тие беа забранети по нападот врз Капитол во 2021 година, објави Ројтерс.



„Ќе ги обновиме акаунтите на Фејсбук и Инстаграм на г-дин Трамп во наредните недели“, рече Ник Клег, претседателот за глобални прашања на „Мета“, но предупреди дека ќе бидат ставени „нови заштитни мерки за да се спречета прекршувања“ на правилата на социјалните мрежи, што знаши дека евентуално пак може да биде суспендиран.

Не е јасно кога и дали Трамп, кој веќе најави кандидатура за Белата куќа, ќе се врати на платформите.

Но, 76-годишниот тајкун одговори во негов стил, велејќи дека Фејсбук изгубил „милијарди долари“ за време на негово отсуство.

„Ова никогаш повеќе не треба да му се случи на актуелен претседател или на некој друг кој не заслужува одмазда!“, рече тој на својата платформа „Truth Social“.