Доналд Трамп вчера беше обвинет за рекетирање и низа изборни злосторства по широката двегодишна истрага за неговите напори да го поништи неговиот пораз од Џо Бајден во 2020 година во американската држава Џорџија, се вели во судската пријава.
Случајот кој се потпира на законите кои вообичаено се користат за пресметување со мафијаши — е четвртиот кој е насочен кон 77-годишниот поранешен претседател, кој најави дека ќе се кандидира за реизбор на изборите 2024-та.
Трамп убеден дека може да победи на претседателските избори догодина
Тоа е рекорд кој веројатно нема да биде соборен во скоро време, објави Си-Ен-Би-Си.
Најновото обвинение против Трамп го товари за 13 кривични дела, вклучително и кршење на закон за коруптивно организирање за кој предвидува казна од 5 до 20 години затвор.
Трамп и последното обвинение го нарече лов на вештерки и наместено и политички мотивириано.
Ова доаѓа по досегашните 78 кривични пријави со кои Трамп веќе се соочува во три други активни кривични случаи, со што бројот на кривични обвиненија достигна 91.
Кога станува збор за кривични дела, Трамп е пионер во својата област: Ниту еден друг претседател на САД никогаш не бил обвинет за криминални дела, а камоли повеќе од седум дузини од нив одеднаш.
И ниту еден поранешен претседател не се кандидирал за уште еден мандат додека се бранел од потенцијални стотици години затвор.






