Американскиот претседател го прекина финансирањето на СЗО бидејќи е незадоволен од работата на оваа организација во текот на пандемијата на коронавирусот.
Од Белата куќа тој синоќа на прес-конференција ја обвини СЗО дека не ја исполни својата основна должност и дека за тоа ќе мора да одговара.
Трамп ја обвини СЗО дека промовирала „кинески дезинформации” протиов коронавирусот, што, како што оцени, веројатно доведе до поголема епидемија.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повика Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО, истакнувајќи дека „сега не е време за тоа”.
САД се најголемиот донатор во СЗО. Минатата година оваа држава во СЗО дала повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од нејзиниот буџет.





