Трамп се изјасни за невин за сите 34 точки од обвинението

Трамп се изјасни за невин за сите 34 точки од обвинението

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин во судот во Менхетен, каде по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јави Скај Њуз.



Тој се изјасни за невин по сите 34 точки од кривичното дело за фалсификување деловни книги, јави британскиот медиум.

Трамп потоа ја напушти судницата и замина за Флорида, од каде ќе има обраќање до јавноста.