Трамп: САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, јави Си-ен-ен.



„Најавувам дека САД ќе се повлечат од договорот“, рече Трамп на конференцијата во Белата куќа на која се чекаше со денови.

Трамп, исто така, изјави дека ќе бидат одново вратени санкциите кон Техеран но дека и други земји би можеле да бидат санкционирани.

„Јасно е дека САД не можат да спречат иранска нуклеарна бомба од сегашниот договор“ изјавилТрап како пренесе Ројтерс.

Нуклеарниот договор со Иран, рече американскиот претседател, требаше да ги заштити САД и сојузниците, но му дозволи на Иран да продолжи да збогатува ураниум.

Нуклеарниот дговор со Иран се сметаше за едно од најголемите надворешно политички успесни на претходниот претсдател Барак Обама, и голем чекор во напорите за спречување на трката во вооружување.