Трамп: САД ги изгубија сите сојузници

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Ајова изјави дека САД ги изгубиле своите сојузници, велејќи дека „сите не напуштија“.



„Ние бевме сојузници со сите овие различни земји… Саудиска Арабија сега е со Кина, многу земји на Блискиот Исток, многу нафта и многу пари, тие се исто така со Кина“, истакна Трамп.

Тој додаде дека САД само се обидуваат да „поткупат пријателства“, додека Европа само „не’ искористува во трговијата“.

Тој, исто така, рече дека САД треба да се спасат, велејќи дека негов приоритет е да работи напорно и да ја спречи партијата на неговиот противник да „мами“, но дека „народот на оваа земја нема да дозволи тоа да се случи “.

Трамп, на митингот додаде дека тој е единствениот претседателски кандидат кој знае како да ја запре „инвазијата“ на границите на земјата.

Тој истакна дека „орди од криминалци, терористи, трговци со луѓе, трговци со деца, членови на банди и затвореници испразнети од затвори, лудници и психијатриски клиники“ се обидуваат да влезат на територијата на САД.