Претседателот на САД прогласи вонредна состојба во земјата.
Одлуката била со цел да се помогне во решавањето на пандемијата на коронавирус, пренесува Би-Би-Си.
Оваа одлука ѝ овозможува на владата да искористи до 50 милијарди американски долари како брза помош за да им помогне на сојузните и локалните здравствени власти.
Во САД има 1.701 потврдени случаи на инфекција со коронавирус и 40 смртни случаи.





