Трамп предвидува до 65.000 починати од Ковид-19 во САД

Меѓу  60 и 65 илјади лица, се претпоставува, ќе починат од коронавирус во САД, соопшти синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.



Според Трамп можно било дури 2,2 милиони луѓе да ги загубат животите од смтоносниот вирус.

„Ако не сторевме ништо, минималниот ќе беше 1,6 милиони. Но, ние направивме огромна работа, рече Трамп.

Тој истакна дека овие напори овозможиле да се корегираат проценките за смртност, првично меѓу 100.000 и 220.000, а потоа и на уште пониско ниво.

„Мислам дека ќе бидеме на ниво далеку под 100.000 мртви. Мислам дека веројатно сега се движиме до ниво од 60.000, можеби 65.000 починати“, рече Трамп.

Досега, во САД од Ковид-19 умреа  36.727 лица, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Заразени се над 692.000 лица.