На мигрантите да им се пука во нозе или да се направат ровови со змии и алигатори, предлагал американскиот претседатеел Доналд Трамп како мерка да се спречи миграцијата преку границата со Мексико.
Ова се наведува во новата книга напишана од двајца новинари на „Њујорк Тајмс“, која ќе биде објавена на 8 октомври.
Трамп, според авторите Мајкл Д. Шир и Џулија Дејвис,на своите соработници им предлагал екстремни методи, како изградба на електрифициран, шилест граничен ѕид.
Кога соработниците на претседателот не ги прифатиле неговите предлози, Трамп наводно бурно реагирал со зборовите „Ме правите да изгледам како идиот“.




