Американскиот претседател вчера предложи медицинските експерти некако да се обидат да најдат начин да инјектираат средства за дезинфекција во човечкото тело за убивање на коронавирусот – методи кои се или неможни или потенцијално многу опасни, пренесоа медиуми.
На редовниот брифинг за коронавирус во Белата куќа, Вилијам Брајан, официјален претставник за наука и технологија од Министерството за внатрешна безбедност, зборуваше за ефектите на сончевата светлина и средства за дезинфекција во домаќинствата, како белило и изопропил алкохол, врз вирусот присутен во плунка на површините и во воздухот.
Појавувајќи се пред новинарите по Брајан, Трамп отворено се запраш дали е можно да се „нападне телото со огромна“ количина на светлина или да се „вбризгаат“ средства за дезинфекција како начин да се убие вирусот.
За тоа треба да се слушнат лекарите „но мене ми звучи интересно“, рече Трамп.





